Активности во рамки на Детската недела

Одбележување на Денот на учителот, час посветен на миленичињата и запознавање со детските права.

Со разни активности во првата недела од месецот октомври, во нашето училиште се одбележа Детската недела. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас, да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила, поттик, поддршка, еднакви права, одговорност и можности.