Републички ликовен конкурс

Честитки за наградените ученици на републичкиот ликовен конкурс на тема „Борба против дискриминацијата и насилството во спортот" организиран од Федерација на училишен спорт на Македонија и Детски ликовен центар – Скопје.

Мелани Козарова 7-2, второ место

Теа Анчовска 7-1, трето место

Ментор - Ели Чочова, наставник по ликовно.

По тој повод, на 18.11.2020 год. (среда) ќе биде поставена виртуелна изложба во галеријата на Кинотеката на Македонија на која ќе бидат изложени сите ликовни творби, а отварањето на изложбата ќе биде организирано online преку ZOOM сесија на која ќе учествуваат добитниците на наградите, како и претставници на ФУСМ и ДЛЦ со почеток од 13 часот.