- MK
- EN
Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Резултати од литературен конкурс по повод 21 февруари - Меѓународен ден на мајчиниот јазик на тема: „Мајчиниот јазик - светлина во нашите срца“ По повод 21 февруари- Меѓународниот ден на мајчиниот јазик беше распишан литературен конкурс на темата: „Мајчиниот јазик - светлина во нашите срца“ за учениците од III-IX оделение. Целта на литературниот конкурс за мајчиниот јазик е да се развива и поттикнува изградувањето на јазичната свест кај младите, како и да се сака и негува мајчиниот јазик како најголемо духовно богатство на секој поединец. По разгледувањето на пристигнатите литературни творби од страна на комисијата составена од наставници, врз основа на определените критериуми, наградени се следните ученици: ПРЕДМЕТНА НАСТАВА I место – Кристина Дукоска, IX-2 одд. II место - Јана Величковска, VI-1 одд. III место - Немања Јорданов, VI-2 одд. Пофалени ученици за успешно учество на литературниот конкурс се: Андреј Кузмановски, IX-2 одд. Ива Димовска, VIII-1 одд. Мелани Козарова, VII-2 одд. Давид Горгиев, VII-2 одд. ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА I место - Јаков Величковски, III-2 одд. II место - Дамјан Кузмановски, V-1 одд. III место - Михаил Спасовски, III-2 одд. Пофалени ученици за успешно учество на литературниот конкурс се: Ведран Ваневски, III-2 одд. Даме Ѓорѓиевски, III-2 одд. Марко Марковски, III-2 одд. Теодор Митковски, III-2 одд. Михаела Деспотовиќ, III-2 одд. Подрачно училиште – Страчинци: I место - Јусра Џемаили, IX-3 одд. II место - Исра Џемаили, VII-3 одд. III место - Мабер Авдили, VI-3 одд. ПОФАЛЕНА: Анеса Авдили, VI-3 одд. Им честитаме на наградените и пофалените ученици, како и на сите други учесници на литературниот конкурс и ги поттикнуваме и во иднина да пишуваат свои литературни дела, затоа што нема поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. |