Обука за наставници, стручни соработници и родители

Примариус д-р МЕРИ БОШКОВСКА - детски психијатар, во рамки на Проектот "И јас имам глас" преку Фондацијата за образовни и културни иницијативи ЧЕКОР ПО ЧЕКОР реализира обука за наставниците, стручните соработници и обука за родители од двете партнерски училишта во Проектот: ООУ "Кирил и Методиј" и ООУ "Дане Крапчев".

Темата на обуката повеќе од потребна: НЕПОСРЕДНИ И АКУТНИ СТРЕСНИ РЕАКЦИИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕНИЈА. Прекрасна атмосфера преку споделување искуства, емоции и личните и колективни перцепции и предизвици во време на КОВИД 19.