Работилница за младинското учество

На ден 05.05.2021 нашите ученици Стефан Тодоровски, Сара Исени, координаторите Марина Димоска и Зејнуре Мемети зедоа учество во онлајн работилница на која се зборуваше за младинското учество и за развивање на идејата за позитивна промена во секое училиште/заедница во организација на Центарот за фузија на идеи.

Нашиот тим предложи младинска иницијатива за уредување на училишна кантина и прифати да изработи апликација со која ќе аплицира за реализирање на истата. Центарот за фузија на идеи ќе даде комплетна поддршка во овој процес.