Ден на независноста

Нашата татковина опеана во безброј песни, инспирација за многу уметници, порив за победи на  врвни спортисти, нишка која воплотува националности, народи, вкрстени патишта, секој 8-ми Септември обележува датум на својата независност.

Денот на независноста како државен празник е неработен ден, па утрешниот ден ќе биде без работни обврски за сите граѓани ширум нашата земја.

Нека ни е честит и вековит празникот на независноста на нашата татковина!

8-ми Септември да биде симбол на заедништвото на сите народи кои живеат на ова тло и да биде бедем за зачувување на сите наши вредности, различности и заеднички достигнувања!