Завршна средба од виртуелна мобилност во рамки на проектот „Европа зема здив“

На завршната средба од виртуелната средба во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, учениците ги презентираа дигиталните постери на теми: „Ефект на стаклена градина“, „Последици од киселиот дожд“, „Решенија за загадувањето на воздухот и „Oсиромашување на озонската обвивка“. На крајот се направи евалуација на активностите од виртуелната мобилност со примена на интерактивната апликација Ментиметар.

За успешна реализација на 5-дневната виртуелна мобилност, учество зедоа директорот на училиштето, м-р Анита Ангеловска, училишниот педагог, Емилија Георгиевска, наставниците Биљана Арсова (координатор на проектот), Маја Цекова, Сашка Крстевски, Зејнуре Мемети, Валбон Беџети, Александар Тасевски, Елена Антонова, Фатон Ганиу, Јасмина Јездиќ, Емилија Наумовска, Маја Медарска и Вјоса Елези.

Големо БРАВО и за учениците Ева Христова (IX-1), Лука Трајковски (IX-2), Марија Ѓорѓиевска (IX-2), Сара Исени (IX-3), Јана Јовановска (VIII-2), Исра Џемаили (VIII-3), Стефани Павловска (VII-1) и Михаела Соколовска (VII-1), кои дадоа голем придонес за ефективна реализација на сите активности од виртуелната мобилност. Во знак на благодарност за нивното учество, учениците добија слушалки и ранчиња со логото на проектот.