Ден на учителот - Прогласување на истакнати просветни работници

Меѓународниот Ден на учителот, беше одбележан и во нашето училиште, каде со посветеност и пожртвуваност на сите вработени во училиштето се постигнуваат огромни успеси. Сите заедно посакуваме поубави времиња со помалку предизвици за здравјето и достоинство за просветниот работник на највисоко скалило во општеството. Со нашата професионалност даваме позитивен пример како треба да функционира едно современо училиште по мерка на сите. Нашето училиште воспостави традиција за доделување награди за најуспешните во минатата учебна година, за најистакнати наставници на годината беа прогласени: наставничката по англиски јазик Емилија Наумовска, наставниците по одделенска настава Тасим Фазли и Елена Антонова, а за најистакнат работник беше прогласен Златко Манасиевски. Сите вработени добија симболични подароци од училиштето. Честитки за сите.