Детска недела и прием на првачиња во Детска организација
Чет, 07/10/2021
Првата недела од октомври е посветена на детето.
И оваа година нашите првачиња станаa дел од Детската организација, а во неа ги воведоа нивните поголеми другарчиња. Приредби на кои првачињата го дадоа своето ветување беа одржани под мотото "Јас избирам здравје, а ти?", во централното и подрачното училиште. Активностите беа проследени од директорката, стручната служба и вработените. Им честитаме на сите првачиња!