Реализирана хуманитарна акција по повод Детска недела

По повод Детската недела,учениците од нашето училиште иницирани од Ученичкиот парламент реализираа хуманитарна акција која траеше од 04-08 Октомври. Собраните средства ќе бидат наменети  на ученик од нашето училиште на кого му е потребна помош. Уште еднаш нашите ученици покажаа хуманост и емпатија кон оној кому му е потребна помош.