MK
EN
Реализирана презентација по повод Erasmus Days
По повод Erasmus+ Days нашето училиште ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци, Скопје се вклучи во одбележување на овој настан, бидејќи од 2018 год. училиштето е активен учесник во програмата „Еразмус плус“, со неколку одобрени проекти кои се дел од акцијата КА2-Училишни партнерства и се финансирани од страна на Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност. Презентацијата ја подготвија тим од наставници и ученици кои се активни учесници во реализација на проектите од програмата „Еразмус плус“. На денешната презентација се обрати нашата директорка м-р Анита Ангеловска која е дел од Erasmus+ тимот, а директно обраќање имаше и м-р Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности, кој ја истакна важноста на програмата Ерасмус+ во училиштата. #ErasmusDays |