Месец на книигата

Во текот на Месецот на книгата 15.10 - 15.11.2021 год. учениците од сите одделенија ја изразија својата креативност, се интересираа за литературни теми, искажуваа свои мислења, дискутираа и дебатираа. Учениците од 1- те одделенија се запознаа со нови сликовници, ја посетија училишната библиотека, 6-1 одделение изработија постери со пораки. Учениците од 5-2 одделение покажаа вештини и умеења да ги толкуваат ликовите од омилената лектира Пипи долгиот чорап, водеа дијалози, изведоа драматизации. Учениците од 1-те, 2-те, 5-те одделенија како и наставниците си подаруваа и разменуваа книги под мотото: „Со љубов книга подари, другарчето ќе ти се заблагодари“. Во 3-те одделенија учениците проследија видео презентација за Месецот на книгата. Во одделенијата од 3-9 то, беа промовирани новите книги со кои се збогати училишната библиотека, при што учениците активно учествуваа со свои дискусии, поставуваа прашања и дебатираа.