13 Ноемвриска награда

13 Ноември - Денот на ослободување на град Скопје се одбележува по 77-ми пат. Нашето Скопје и тогаш и сега се гордее со вредни, чесни и посветени граѓани кои се грижеле да му овозможат слобода, напредок и просперитет. Оваа година нашето училиште го прославува овој ден со престижната награда 13-ти Ноември која ја заслужи со извонредни достигнувања во наставниот процес, воннаставните активности и успеси на полето на образованието. Честит да е денот и наградата до сите наши вработени, ученици и родители!