MK
EN
Онлајн средба на ученик-правобранител и претседател на Ученички парламент со Народниот правобранител
Пон, 22/11/2021
Учениците Стефани Павловска – Ученик правобранител, Марија Ѓорѓиевска - Претседател на Ученички парламент и Сара Исени - Заменик претседател на Ученички парламент, беа дел од настанот орагнизиран од страна на канцеларијата на Народниот правобранител. Целта на настанот беше одбележување на 20 Ноември - Светскиот ден на детето. Учениците дискутираа на следниве теми: - Влијанието на пандемијата од Ковид-19 врз менталното здравје на децата; - Проблеми и предизвици со кои се соочуваат во образовниот процес; - Прифаќање и почитување на различностите; - Учеството на децата во донесување на одлуки кои нив ги засегаат; - Почитување на правата на детето. |