Ден на мајчиниот јазик

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците заедно со наставниците по мајчин јазик и библиотекарот проследија презентација на оваа тема и реализираа работилници со најразлични активности. Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е создаден од УНЕСКО и се одбележува од 1999 година, во интерес на зачувување на 6500 јазици, од кои на дел им се заканува исчезнување. Смислата на одбележувањето на ваквите датуми е да се разбуди одговорноста и свеста на човештвото за зачувување и на јазиците со мал број говорители. Честит Ден на мајчиниот јазик!

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот