MK
EN
„Европа зема здив“ - трет ден
На третиот ден од хибридната мобилност во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, наставниците и учениците проследија едукативно предавање, работилница и квиз на тема „Закани за животната средина во нашиот регион и начини како да им се спротиставиме“ организирано од страна на Центарот за Климатски Промени. Потаоа следуваше посета на Ботаничка Градина на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет, каде учениците имаа можност да се запознаат со одгледување и репродукција на ендемични, реликтни, ретки и лековити растенија од флората на нашата земја. На крајот се реализираше прошетка низ Скопската стара чаршија, посета на знаменитостите Чифте амам, тврдината Кале, Камениот мост и плоштадот на градот на градот Скопје. |