MK
EN
Освоена награда на конкурсот „Судбината на Лајош Кошут по задушувањето на Револуцијата 1848-49“
Пет, 18/3/2022
По повод одбележувањето на Националниот ден на унгарскиот народ, денес во паркот на македонско - унгарското пријателство во н. Триангла, се одржа манифестација на која присуствуваа амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, д-р Ласло Иштван Дукс, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, претставници на општината, наставници, родители и ученици од основните училишта во Гази Баба. Нашата општина во соработка со Амбасадата на Унгарија, распиша литературен конкурс на тема „Судбината на Лајош Кошут по задушувањето на Револуцијата 1848 - 49“. На овој конкурс нашата ученичка Јана Величковска од VII-1 одделение учествуваше со поема посветена за животот и делото на Лајош Кошут и ја освои третата награда. Честитки на нашата ученичка за освоената награда. |