- MK
- EN
Четврти ден од виртуелна мобилност „Европа зема здив“
Пет, 08/4/2022
На четвртиот ден од виртуелната средба во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, учениците изработуваа цртежи, постери на тема „Да ја замислиме иднината, каква ќе биде? Ајде да ја нацртаме!" Учениците имаа можност со употреба на материјали кои можат да се рециклираат да прикажат каква сакаат во иднина да биде планетата Земја. Потоа следуваше презентација на постерите од страна на сите земји. Наставниците проследија презентација на тема „Работете во училиштата за подобра иднина“. |