Еразмус+ Полска

На третиот ден од мобилноста во Полска од Еразмус+ проектот "Europe takes a breath", се посети фабриката за производство на елементи за термо изолација на домовите во Здунска Вола. Потоа следеа работилници и игри за учениците и за наставниците.
На четвртиот ден од мобилноста се посети Ојцовски Националниот парк и Темната пештера. Потоа следуваше работилница на Универзитетот во Краков на која учениците стекнаа знаења за начинот на мерење на загаденоста на воздухот во градовите во Полска. Воедно се посети и Кралскиот замок Вавел во центарот на Краков.
На финалната средба учениците изработуваа постери за придобивките од проектот. На средбата присуствуваше и претседателот на градот Сиераџ кој ги претстави сите активности кои се преземаат за намалување на загадувањето во градот. На крајот се доделија сертификати и награди за натпреварите и конкурсите на кои зедоа учество учениците од сите партнер училишта во проектот. Учениците од нашето училиште се здобија со следните награди: Јана Величковска VII-1 освои трето место на ликовниот конкурс „Мојот град за 30 години" а учениците Александар Додевски и Благојче Величковски освоија прво место на натпреварот по математика и природни науки. Учениците и наставниците од нашето училиште дадоа голем придонес за успешно реализирање на сите активности испланирани на мобилноста од овој проект.