MK
EN
МИО активности од 1во до 3то одд
Чет, 13/4/2023
Учениците и наставниците од I до III одделение од централното училиште во Стајковци и подрачното училиште од Страчинци реализираа МИО активност под мотото „Заедно празнуваме и другаруваме“. Во пресрет на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам учениците се запознаа со обичаите на празниците, декорираа велигденски јајца и украси, изработија празнични честитки, рецитираа стихотворби и другаруваа. Меѓусебно си разменија подароци и си упатија срдечни честитки за празниците. |