Првиот круг библиотечни квиз натпревари

Од 14-25.09.2023 год. се одржа првиот круг библиотечни квиз натпревари во паралелките од II-те, III-те, IV-те и  V-те одделенија.

Учениците ги утврдија своите знаења, предзнаења и вештини од областа на литературата, лектирите, правилата во библиотеката, книгите, нивното користење, намена, организирање и сместување по содржина.

Учениците успешно го совладаа предизвикот и со својата креативност, талентираност, интуитивност, вештини и знаења одговорија на поставените прашања и задачи.