ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ

ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци објавува повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичките правобранители.
Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).
I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7 и 8 одделение.
Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 7 и 8 одделение.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.
Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од психологот во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до психологот.
Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 10.10.2023 година
III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Избор за ученик правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 и 8 одделение според следните критериуми:
– пол,
– возраст,
– основно познавање на детските права,
– мотивација за пријавувањето,
– комуникациски и организациски способности,
– етничка припадност,
– претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.
IV. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:
  • учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на стручната служба (тимот за поддршка на ученичко учество);
  • промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информа- тивни настани;
  • прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
  • редовна комуникација и координација со стручната служба.
Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години.
Среќно на сите кандидати!!! 
 
03.10.2023 година
 
в.д. директор
Елена Антонова