Соопштение

СООПШТЕНИЕ

за запишување на ученици во прво одделение

во учебната 2018/19 год.

 

Согласно член 46 и член 47 од Законот за основно образование, во прво одделение се запишуваат деца родени во 2012 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31.01.2013 година, по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог.

ООУ "Кирил и Методиј" ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

1. Извод од матична книга на родените (фотокопија)

2. Потврда од лекар за примени задолжителни вакцини (амбуланта Ченто)

3. Потврда од стоматолог одговорен за нашето училиште (амбуланта Ченто)

- Задолжително присуство на ученикот и еден родител.

Уписот започнува од 02.05.2018година и трае до 31.05.2018 година во просториите на училиштето.

За други информации може да се обратите кај стручната служба во училиштето или на тел: 078/378-739.

Директор,

м-р Ана Петровска