📂 СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

📌 Основни поими

🏛️ Иматели на информации се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејности од јавен интерес утврдени со закон.

📄 Информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со која располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.

👤 Барател на информација е секое правно и физичко лице, без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

🚫 Исклучок од слободен пристап до информации

Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон, доколку информацијата се однесува на:

  • 🔒 информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на класификација;
  • 🧍 личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;
  • 💼 информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;
  • ⚖️ информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, управна или граѓанска постапка, доколку давањето би имало штетни последици за текот на постапката;
  • ©️ информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра, жиг, ознака на потекло и сл.).

👩‍💼 Службено лице за посредување со информации

Секој имател на информации определува едно или повеќе службени лица за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

📌 Службено лице за посредување со информации во ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци е:

Елена Темелкоска